Обука за стручни лица за безбедност при работа
- Детали
Тема: Изјава за безбедност и проценка на ризик – практична примена (методи, техники, применливост, значење)
Дата на обука: 27.11.2014 (четврток)
Време на почеток: 09.30 часот
Предвидено време за завршување: 16.30 часот
Место на одржување: Хотел ИМПЕКСЕЛ2 Скопје
Повеќе информации во Поканата и
Пријавата за обуката.
Како и што најавивме. Нашето мото за континуирана едукација го спроведеме на дело. Поминаа 4 години од отпочнување на процесот за изработка на Изјава за безбедност. Во овие 4 па и повеќе години имаше многу обуки за начини на изработка на изјавата за безбедност и проценката на ризик. Наше мислење е дека овој процес се спроведува само формално за задоволување на законската рамка. Сега веќе се откриваат голем дел од аномалиите поради законски недоречености и недоволна подготвеност со знаење и недоволна свесност за одговорност на лицата кои учествуваат во процесот.
Нашата идеја е да се навлезе во суштината на проценката на ризик, на законските барања и нивна практична примена како и да се размени мислење и искуство со лицата кои учествуваат во процесите.