Испитување на опрема за работа
Испитувањето на опремата за работа се врши согласно член 33 од Законот за безбедност и здравје при работа. Иако како концепт, кој треба да ја следи безбедноста на опремата и кој треба да го спроведува испитувањето на опремата, за нас постоечкото законско решение не е „најсреќно избрано“ поради можноста за појава на многу недоследности во одредени случаи, ја прифаќаме улогата на испитувачи. При тоа се трудиме да ја согледаме објективноста во моментот на испитувањето за применетите мерки за безбедност на опремата како и за мерките кои треба да се применат доколку опремата не е целосно безбедна.
За испитувањето на опремата се издава стручно известување, а за опремата која ги задоволува безбедносните барања се издава и сертификат. На секоја безбедна опрема се поставува и налепница со дата на испитување и број на овластувањето.