Изјава за безбедност со проценка на ризик
ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ со задоволство учествува во тимовите кои треба да решат и најсложени проблеми од аспект на безбедност и здравје при работа, се со цел да се добие една објективна слика за безбедноста и здравјето при работа во било која компанија.
Ние не „изготвуваме“ изјава за безбедност за работни места, ние учествуваме во тимовите кои ја изготвуваат. Тимот го одредува секој работодавач и го сочинуваат стручно лице за безбедност, НИЕ и доктор по медицина на труд од овластена компанија.
Оваа обврска која произлегува од член 11 од Законот за безбедност и здравје при работа треба да биде документ кој континуирано ќе се менува во зависност од состојбите во компаниите, а не да биде декор во некоја од полиците.
Нашиот тим, како дел од севкупниот тим кој го назначува работодавачот, секогаш настојува да ги согледа сите можни опасности и штетности на работните места, што е можно пореално да ги оцени можните ризици и да предложи соодветни мерки за нивно намалување или нивна контрола.
При оценување на ризиците предлагаме и користиме методи како што се BG (Германска), KINEY (Англиска), како и модули за хемиски штетности и рачно пренесување на товар кои ги користи Австрискиот институт AUVA.