Консултации во делот на безбедност и здравје при работа
Долгогодишното наше искуство укажува на фактот дека на најголемиот дел од компаниите во Р.Македонија им е потребен стратешки партнер во оваа област. Особено во време кога законските решенија се турбулентни, недоволно јасни и фокусирани на еднократна услуга. Најчесто поставуваното прашање е: Ги имам сите документи, колку траат и дали ми треба нешто дополнително целосно да се „покријам“? За првпат кај нас сега можете да добите одговор на сите Ваши нејаснотии и прашања кои се јавуваат согласно соодветните законски решенија, а притоа да не остане „но“, „ама“ и слично. За првпат можете да добиете и совети кои не се врзани со законски решенија туку со подобрување на безбедноста и здравјето во Вашата компанија.
Зошто Ви е потребен консултантот за безбедност и здравје при работа?
- Секогаш е подобро да имате сериозен стратешки партнер отколку ад хок решенија.
- Имате едно и единствено место за совети за безбедноста и здравјето при работа.
- Испорака на проактивни и практични совети и поддршка.
- Линија за итни повици и правовремени совети.
Зошто Ви се потребни Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа и Клучните консултантски услуги?
Ефикасно управување со безбедноста и здравјето при работа е од витално значење за секоја компанија без разлика дали главната цел е правно усогласување или најдобра пракса. Ние сме во состојба да Ви понудиме професионални стручни совети, поддршка и насоки. Ние сме посветени на развој на безбедносни системи и давање на практични совети соодветни на Вашата дејност, ризицитекои ги имате и целите кои сакате да ги постигнете во делот на безбедноста и здравјето при работа. Развојот на стабилни системи за управување со безбедноста и здравјето при работа под водство на специјалист за поддршка, ќе помогне да се заштитат Вашите вработените и ќе и помогне на Вашата компанија да ги минимизира правните и финансиски ризици поврзани со несреќи на работа и болести во врска со работата или професионални болести. Ние можеме да обезбедиме широк спектар на можности за поддршка, развој, следење и одржување на системи за безбедност и здравје при работа и системи за управување вклучувајќи:
- Подготовка / ажурирање на регистри со законска регулатива
- Развој на политики и процедури
- Развој на проценки на ризикот
- Развој на обуки за безбедно работење
- Ревизии и контроли на работни места
- Управување и истрага на инциденти
- Подготовка на фаза на изработка на планови за безбедност и здравје при работа
ПАКЕТИ НА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
- Договор за консултации
- Достапност до Web-билтен
- Неограничен број на совети за безбедност и здравје при работа преку телефон и е-маил*
*Должината на разговор е максимално 10 минути во континуитет со пауза за наредно јавување од 1 час.
Цена на пакетите
Побарајте понуда и ќе се изненадите што се можете да добите за малку пари. Цената зависи од избраниот пакет, од големината на Вашата компанија, од ризиците во Вашата компанија и слично. Во секој случај цената е многу, многу помала и од најмалата казна која би ја изрекле инспекторите за труд, а да не зборуваме за трошоците кои можат да бидат при повреда на работа. Вклучете се во нашиот систем на консултации и ќе ги видите Вашите придобивки.