Координатор за безбедност и здравје при работа во фаза на проектирање
Ова обврска која произлегува од Правилникот за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта е еден од столбовите на безбедно работно место. Доколку во фаза на проектирање на објектите не се предвидат сите потребни параметри за безбедно работно место многу тешко е истите да се постигнат при нивно користење. Добрата координација на сите фази во еден проект (статика, архитектура, сообраќај, машинство, електрика, безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита и животна средина) овозможува лесна и безбедна експлоатација и одржување на објектот.
Искуството на дел од нашиот тим преку кој поминале сериозни објекти во Р.Македонија е добра основа за почетна доверба доколку Ви е потребен еден ваков координатор за безбедност.