Лична заштитна опрема
Личната заштитна опрема најчесто треба да биде последна мерка за безбедност и здравје при работа, но тоа не значи дека има најмало значење. Секогаш во предвид треба да се има фактот дека кога применуваме лична заштитна опрема сеуште постои одредена опасност или штетност која не сме ја избегнале со претходните мерки. Значи треба да бидеме свесни да избереме последна мерка, „соодветна“ лична заштитна опрема за да го намалиме влијанието на опасноста или штетноста врз вработениот. Затоа е важно да направиме правилен избор. Ова не значи да ги направиме вработените во оклопи па нивната работа да ја отежнеме до намалена продуктивност и здравствени проблеми поради носење на лична заштитна опрема (ЛЗО).
Во овој дел на нашата страна ќе се обидеме, европските стандарди за ЛЗО да ги направиме што е можно поблиски до Вас и да Ви помогнеме при изборот на ЛЗО во зависност од опасностите и штетностите кои ги има на работните места во Вашите компании.