Мерења
МЕРЕЊА ВО РАБОТНА СРЕДИНА
Мерењата во работна средина се вршат согласно член 34 од Законот за безбедност и здравје при работа. ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ има овластување за следните мерења:
- Микроклима
- Осветленост
- Бучава
- Вибрации
- Нејонизирачки зрачења
- Прашина
- Аноргански гасови и пареи
- Органски гасови и пареи
Мерењата се изведуваат согласно законската регулатива во Р.Македонија како и европските стандарди во зависност од типот на мерењата.
Опремата со која се вршат мерењата соодветствува на барањата на стандардите на ЕУ.
При мерењата се користат најсовремени постапки се со цел правилно детектирање на штетностите во работната средина.
Мерењата во зависност од типот на работниот процес и можноста да се појави одредена штетност можат да бидат моментални, за време на траење на процесот, целодневни како и неделни.
Во последно време како една од методите со која се добива најреалната изложеност на вработените ја користиме персоналната дозиметрија за најголем дел од штетностите.
За извршените мерења се издава стручен наод чија содржина зависи од типот на мерењата.