Обуки за заштита од пожари, евакуација и спасување
Овие обуки се изведуваат согласно член 24 од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита и спасување. По утврдување на дејноста на работодавачот и можните опасности од пожари и други несреќи се изготвува програма за обуката. Оваа обука мора да е во согласност со планот за заштита и спасување.
За изведување на обуките располагаме со високо стручен искусен кадар, техничка опрема за презентација, широка палета на опрема за демонстрација и сопствена училница со капацитет до 20 лица.
По завршената обука лицата кои ја посетувале добиваат соодветни уверенија.