Стручно лице за безбедност при работа
При едно статистичко истражување за Р.Македонија спроведено од наша страна утврдено е дека доколку слепо се почитуваат одредбите од законот за безбедност и здравје при работа во делот на стручно лице, едно стручно лице поминува 70 минути месечно во една компанија вклучувајки го и патот меѓу компаниите.
Ние не сме такви стручни лица кои само склучуваат договори за да се реализира законската обврска.
Сериозниот пристап на оваа обврска, која произлегува од неколку членови од Законот за безбедност и здравје при работа, е една од основните начела за доследна примена на мерките за безбедност при работа.
Доколку Вашите барања се поголеми нашите стручни лица ќе направат многу повеќе за Вашата безбедност од она што е минимална законска обврска.