За нас
ДЕЈНОСТ
ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи. ПРОРИСК е формиран на 12.09.2011 година, а првите овластувања се добиени на 01.11.2011 година.
МОТО
Барањето на корисниците за професионална, брза, квалитетна услуга и услуга која ќе биде целосна е главната идеа водилка за формирање на друштвото.
СТРАТЕШКИ ФОКУС
Фокусирани сме на партнери кои се со странски капитал и кои знаат да го ценат квалитетот на услугата кој го нудиме. При тоа не ги изоставуваме и домашните партнери кои размислуваат на ист начин без разлика на нивната големина и искуство.
ПРИРАЧНИК ЗА КВАЛИТЕТПрирачник за квалитет
ТИМ
Квалитетни услуги без квалитетен тим и квалитетен тим без квалитетни поединци е незамисливо. Затоа нашата заложба е сестраноста на поединците во тимот кој постојано се надополнува со квалитетни кадри. Нашиот тим во моментот го сочинуваат:
Вработени
- Стевче Аврамовски – управител – магистер на правни науки
- Борче Стојчевски – самостојно стручно лице – дипл.инж. заштита при работа
- Васко Петковски - стручно лице - дипл.инж. заштита при работа
- Александар Давидоски - стручно лице - дипл.инж. заштита при работа
- Билјана Трајчева – стручно лице – дипл.технолог
- Снежана Бошковска - стручно лице - дипл. технолог
- Магдалена Петрова – стручно лице - дипл.инж. заштита при работа
Надворешни соработници
- Ацо Јаневски – доктор на хемиски науки
- Миладин Поповски – дипл инженер Технолог
- Томе Горјанов – стручно лице – дипл.електро инженер
ЧЛЕНСТВА
ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ членува во Македонското здружение за заштита при работа, Здружението за безбедност и здравје при работа „28 април“ како и во Стопанска комора на Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.
ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ
Општествена одговорност
Како профитна организација се обврзуваме да ги унапредуваме знаењето и вештините на општеството во кое живееме. Нашата советодавна програма е осмислена да биде достапна на сите правни субјекти без разлика на нивната дејност, статус и можности.
Квалитет
Тежнееме кон континуирано унапредување на сите области во кои работиме со цел нашите услуги да бидат во тек со најновите меѓународни стандарди.
ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ
- Човечкиот интелектуален капитал
- Култура на друштвото
- Демократичност
- Креативност
- Иновативност
- Имагинација
- Мотивација
НАШИ ЦЕЛИ
- Едукација, едукација, едукација
- Воспоставување и одржување на системи за квалитет
- Да се зголеми обемот на работа секоја година за 10%
ДЕСЕТ ДОБРИ ПРИЧИНИ ДА РАБОТИТЕ СО НАС
- Технологија – при извршување на услугите користиме најсовремени инструменти и најнови методолошки пристапи
- Спектар на услуги – комплетноста на услугите согласно законските барања, стандарди како и посебните барања на клиентите е предност која не можеме да ја занемариме
- Одговорност – не постои лице кое не може да згреши. Разликата е во тоа што нашите грешки ги прифаќаме и корегираме пред да биде предоцна
- Квалитет – највисок квалитет, иновативни решенија и посветеност кон клиентите за континуирано подобрување на услугите. Мислата дека не постои нешто што не може да се направи, потребни се само желба, знаење, време и финансии е водилка за нас, бидејки ги имаме сите потребни ресурси.
- Размена на искуства – нашето друштво или вработени членуваат во повеќе професионални организации каде непосредно разменуваат искуство за решавање на постоечките проблеми
- Тим – квалификувани, одговорни и услужно ориентирани поединци и тимови мотивирани од страна на јасно дефиниран систем на договорени цели и придобивки.
- Односи со клиенти – долгогодишните односи на поединци со нашите клиенти, добавувачи и деловни партнери се темелат на создадена атмосфера на взаемна доверба и почитување
- Развој – новите идеи кон потребите на клиентите со цел олеснување на нивната работа и воспоставување на квалитетни системи за безбедност се приоритет на ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ
- Етика – спроведување на практики и процедури ориентирани кон меѓусебните односи кај клиентите и кај нас со цел подобрување на системот за безбедност
Цени во однос на квалитет – нашата услуга е најевтина во однос на квалитетот кој го нудиме. Долгорочното гледање на услугата која ја извршуваме за Вас е повеќекратно исплатлива во однос на моменталната