Како да се заштитите?

Да се избере соодветно ЛЗО за заштита од бучава при што треба да се има во предвид:

  • Идентификација на типот на бучавата (континуирана, пулсирачка, непостојана, имулсивна);
  • Мерење на бучава на работно место: јачина (dB) и фреквенција (Hz);
  • Време на изложеност;
  • Потребното намалување на бучавата за да се добие прифатливо ниво;
Правилник за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава
(“Сл.весник на РМ”, бр.21/08) и Директивата 2003/10/ЕС
8 часовна изложеност на бучава
≥ 85 dB(А)
8 часовна изложеност на бучава
≥ 80 dB(А)
8 часовна изложеност на бучава
> 75 dB(А) ≤ 80 dB(А)
Задолжително користење на ЛЗО за заштита на слухот ЛЗО за заштита на слухот треба да им биде достапна на вработените без обврска за нивно носење Се препорачува носење на ЛЗО за заштита на слухот

slusalki-1Карактеристиките на ЛЗО за заштита на слухот кои треба да се изберат (нивното намалување) мора да  биде соодветно на проценката на ризик на работното место и мерењето. Намалувањето на бучавата треба да биде до таа мера што бучавата ќе се сведе на прифатливи граници, но притоа да не се оневозможи слушањето на околината на работното место (препорачливо ниво на бучава 60-70 dB).

Како да се користат параметрите за намалување на нивото на бучава?

Постојат три различни показатели за нивото на намалување на бучавата кои се напишани во упатството на ЛЗО или на самото ЛЗО

  • SNR (Едноставно намалување на бучавата). Просечна вредност на намалување.
  • HML Вредности на намалување изразени во однос на просечно ниво на одредени фреквенции
    • H: намалување при високи фреквенции
    • M: намалување при средни фреквенции
    • L: намалување при ниски фреквенции
  • APV (претпоставено ниво на заштита). Вредности на намалување на 8 специфични фреквентни нивоа.

zausi-1Стандарди

EN352: Безбедносни барања и испитувања.
EN352-1: антифони.
EN352-2: чепчиња за уши.
EN352-3: антифони за поставување на шлемови.
EN352-6: Антифони со влез за аудиоелектричен сигнал.
EN352-8: Антифони со аудиосигнал.

Овие стандарди утврдуваат барања во врска со производството, дизајнот, нивото на заштита и начинот на испитување. Предвидуваат и поставување на информации за карактеристиките на ЛЗО.

EN458: заштита на слухот.
Препораки за избор, користење и одржување.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.