Системот за спречување на пад се состои од разни производи прилагодени во зависност од опасностите.

Оваа заштитна опрема (појас за спречување на пад, опрема за заштита од пад, системот за позиционирање на работното место, апсорберот на енергија, опремата за заштита од пад со автоматско запирање, помошната опрема) е пропишана со европски стандарди за лична заштитна опрема.

Опрема за заштита од пад од висина

Директиви
zpad-1Директивата 89/686 се однесува на производителите на заштитна опрема и ги утврдува условите на трговија. Ги одредува важните барања во врска со концепцијата, производството и методите на испитување кои заштитната опрема треба да ги задоволи поради безбедноста на корисникот.

Стандардизација
Целта на стандардизацијата е изработка на методи за испитување и стандарди кои ги одредуваат техничките карактеристики на производот. Почитувањето на тие стандарди е предуслов за ускладеност со директивата 89/686 и му овозможува на производителот да ја постави ознаката „СЕ“.

Категоризација
Според степенот на опасности кои се покриваат, директивата ги дефинира категориите на заштитна опрема и ги дефинира различните обврски на производителот.

Заштитна опрема од III категорија
Производите кои се од оваа категорија наменети се за најголем степен на опасности. Оваа категорија ги покрива смртните опасности или опасности кои можат неповратно да го оштетат здравјето на работникот.

Стандарди кои се применуваат за сите производи

EN363: Системи за запирање на пад
Овој стандард дефинира комплет на опрема за заштита од пад од висина, меѓусебно поврзана и наменета за запирање на пад. Системот за заштита од пад треба најмалку да содржи еден појас за заштита од пад и еден систем за заштита од пад.

EN364: Методи на испитување
Опишува методи на испитување за различна опрема за заштита од падод висина како и опремата со која се врши испитувањето.

EN365: Општи барања поврзани со начинот на користење и означување
Содржи опис на ознаките за заштита од пад од висина како и информации за начинот на користење.

Специфични стандарди
Сите производи за заштита од пад се ускладени со европските стандарди

zpad-2EN361: Појас за заштита од пад
Опрема за држење на телото наменета за запирање на пад. Се состои од ремени, токи, и останати елементи распоредени и подесени на телото така што го држат за време и по паѓање.

EN353-2: Мобилна опрема за заштита од пад со флексибилна линија за прицврстување
Системот се состои од мобилна опрема со автоматско блокирање со флексибилна линија за прицврстување (јаже или сл.). Елементот за распределување на енергија може да се вгради во целиот систем.

EN354: Јажиња
Спојни елементи или составен дел на системот. Јажињата можат да бидат од синтетичко јаже, метална сајла, каиши или ланец. Максималната должина е 2m.
Внимание: Јажињата без апсорбер на енергија не смеат да се користат како систем за запирање на пад туку само како дел од систем за ограничување на движење и избегнување на ризик од пад.

EN355: Апсорбер на енергија
Се состои од систем за запирање на пад, кој гарантира потполно безбедно запирање на падот од висина и избегнување на удар од подлога. Пример: За кратка употреба и прецизно движење. Двојно јаже овозможува заобиколување на препреки и потполна безбедност.

EN358: Систем за позиционирање на работно место
Системот за позиционирање на работно место составен е од неколку дела (појас и јаже за позиционирање при пад) меѓусебно поврзани во една целина. Пример: За позиционирање на местото каде се работи со слободни раце или за избегнување на приближување на зона на опасност.

EN360: Опрема за заштита од пад со автоматско запирање
Опрема за заштита од пад со автоматско блокирање и автоматски систем на затегање. Може да се интегрира и елемент за апсорбирање на енергијата. Пример: За вертикално движење или за движење на коси површини во сите насоки.

EN362: Карабини (спојки)
Спојни елементи или елементи на некој систем. Карабинот може да биде сигурносен или кука за закачување.

EN813: Појас за седење

EN1891: Обложени плетени јажиња со низок коефициент на издолжување (статички јажиња)

EN12841: Исстем за пристап со јаже
Опрема за позиционирање со едно јаже

EN1496: Опрема за спасување
Опрема со уред за подигање при спасување

EN341: ЛЗО при пад од височина
Опрема за спуштање

EN795: Опрема за прицврстување
Елемент на кој може да се прикачи заштитната опрема. Пример: се инсталираат на вертикални, хоризонтални и коси површини, трајно или привремено.
Класа А1 не е ЛЗО
Опфаќа елементи за прицврстување дизајнирани да бидат фиксни на вертикални, хоризонтални или коси површини (ѕидови, столбови, греди).
Класа А2 не е ЛЗО
Опфаќа елементи за прицврстување дизајнирани да бидат фиксни на коси кровови.
Класа В е ЛЗО
Опфаќа мобилни уреди за привремен прицврстување
Класа С не е ЛЗО
Опфаќа уреди за прицврстување опремени со линии за хоризонтално флексибилно прицврстување „линија на живот“ дозволувајки косина од 15о.
Класа D не е ЛЗО
Опфаќа уреди за прицврстување опремени со шини за хоризонтално круто прицврстување.

Други стандарди

EN1498: Опрема за спасување
Директива 94/9 за опрема наменета за користење во потенцијално експлозивна средина.

EN13463-1: Неелектрична опрема за потенцијално експлозивни атмосфери
Основни методи и барања (анализа на ризик).

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.