Како да се заштитите?

Да се избере соодветниот заштитен шлем

Да се одреди опасноста: паѓање на предмети, удирање, комбинирана опасност (заштита од бучава и заштита на лицето)

Заштитниот шлем има три функции:

  • Заштита на главата од пробивање
  • Амортизирање на ударот преку ремените за прицврстување кои го впиваат ударот предизвикан од предмет кој паѓа
  • Одбивање или пролизгување благодарејки на ергономскиот облик со што предметот кој паѓа се отфрла на страна

На заштитниот шлем може да има и додатоци на кои се поставува опрема за заштита од бучава и за заштита на лицето

Стандарди

slem-1EN397: Заштитен шлем за индустрија
Удар. Силата на ударот пренесена на главата не смее да надмине 5KN при пад на објект со маса 5kg од 1m висина. Енергијата на ударот на шлемот на крајот на тестот е 49J.
Пробивање. Предметот кој се користи во тестот за пробивање (3kg на висина над 1m) не смее да допре до черепот.
Запаливост. Шлемот не смее да се запали по изложеност на пламен од 5 секунди.

EN50365 Електроизолационен шлем се користи во близина на електроенергетска опрема чиј напон не надминува 1000 VAC или 1500 VDC. (опрема со класа 0)
Се користи заедно со други електроизолациони ЛЗО и спечува опасните струи да поминат низ главата на корисникот.
Овие дополнителни електроизолациски тестови се надградба на стандардот EN397 што значи дека шлемот мора да го има и овој стандард. Означувањето е со дополнителни два триаголника и стандардот.

kapa-1EN812 Заштитна капа
Удар. Ова ЛЗО заштитува од удари во стабилни кострукции или предмети. Не заштитува од паѓање на предмети. Енергијата на ударот на капата на крајот на тестот е 12,25J.
Пробивање. Предметот кој се користи во тестот за пробивање (0,5kg на висина над 0,5m) не смее да допре до черепот.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.