Заштитна облека за хемиска заштита

Заштитна облека за заштита од инфективни агенси

ikona zmikroorganizmiEN14126
Овој стандард ги специфицира барањата и методите за тестирање за заштитната облека за повеќекратна примена и за ограничена примена што обезбедува заштита против инфективните агенси. Поврзан е со стандарди за заштитна облека за заштита од хемикалии, буквата В се додадава по типот на облеката. Пример: TYPE 6-B / TYPE 5-B / TYPE 4-B / TYPE 3-B.

Заштитна облека за заштита од течни хемикалии

ikona zhp direktenEN13034
TYPE 6
Овој стандард ги специфицира барањата заоблеказа заштита од хемикалии која дава ограничена заштита од течни хемикалии (опрема од тип 6), вклучувајки и делови на облека кои штитат само одредени делови на телото (тип РВ (6)).

Облеката за заштита од хемикалии со ограничена употреба осмислена е за употреба во случај на можна експлозија со лесно распрскување, течни аеросоли или под слаб притисок, лесно прскање за чија заштита не е потребна целосна бариера на пропуштање на течноста (на ниво на молекули).

Заштитна облека за заштита од цврсти честички

ikona zhp direktenEN13 982-1
TYPE 5
Овој стандард ги одредува минималните барања за облека за заштита од хемикалии отпорна на продирање на цврсти честички кои се пренесуваат преку воздух (тип 5). Оваа облека го штити целото тело, на пример труп, раце и нозе, како што се едноделни или дводелни комбинезони, со или без капуљача – маски или очила, со или без заштита на стапалата.

Заштитна облека за заштита од течни хемикалии

ikona zhp direktenEN14605
TYPE 4 
TYPE 3 
Барања за заштитна облека за заштита од хемикалии чии споевисе непропусни за течности (тип 3) или за распрскување (тип 4), вклучувајки делови од облека кои штитат само одредени делови од телото (тип РВ (3) и РВ (4)).

Овој стандард ги определува минималните барања за следните видови на облека за ограничена употреба и облека за повторна употреба при хемиски штетности:

  • Облека која го штити целото тело, а чии споеви (рабови) се непропусни за течност (тип 3 облека непропусна за течности)
  • Облека која го штити целото тело, а чии споеви (рабови) се непропусни за течност како спреј (тип 4 облека непропусна на течности во вид на спреј).
СтандардТипЗаштита од хемикалии
EN13034 6 За заштита од прскање
EN13982-1 5 За заштита од прашина (азбест)
EN14605 4 За заштита од магла од хемикалии
EN14605 3 За заштита од млаз од хемикалии
Примери на примена
Примена Опасност Тип на заштитна облека
Работи на одржување Нечистотии Категорија I/ не е заштитно средство
Индустриско чистење Изложеност на хемикалии и опасни честички Тип 6
Тип 5
Работа со азбест/ отстранување (прашина > 1 mikron) Контакт со честички или влакна Тип 5
Земјоделие и хортикултура (пестициди, вештачки ѓубриња,..) Контакт со штетни елементи Тип 4
Вдишување на аеросоли со ниска концентрација Контакт со аеросоли со ниски концентрации Тип 4
Вдишување на аеросоли со висока концентрација Контакт со аеросоли со високи концентрации Тип 3
Лаборатории и хемиска индустрија Изложеност на хемиски производи Тип 3
За итн случаи/спасување Бактериолошка контаминација Тип 4
Тип 3

Заштитна облека за термичка заштита

Заштитна облека за заштита при заварување и слични активности

ikona oginEN11611
Овој стандард ги дефинира барањата за изработка на заштитна облека за користење од страна на работници за заварување и сродни процеси со споредливи ризици. Овој тип на заштитна облека е наменет за заштита од прскање на растопен метал, краток контакт со пламен и УВ зрачење. Оваа облека е наменета за носење 8 часа при собна температура.

Класа 1 Заштита од низок ризик при заварување и заштита во производство при мало топлотно зрачење
Класа 2 Заштита од висок ризик при заварување и заштита во производство при големо топлотно зрачење

Заштитна облека за заштита од топлина и пламен

ikona ogin 350175   EN14116   Индекс: 1 / 2 или 3
Nb: Број на перења
T: Температура на одржување
I: Индустриско перење
         

Овој стандард ги дефинира барањата за каратеристики на материјалот и споевите на материјалот кои имаат својства на ограничено ширење на пламен, а се користат за изработка на заштитна облека. Материјалите и споевите на материјалите кои имаат ограничено ширење на пламен се користат за изработка на облека за да се смали ризикот од запалување на облеката. Прилагодени се за заштита од случаен контакт со мал пламен, во услови кога нема значителна топлинска опасност.

МатеријалМатеријал кај кој нема ширење на пламен
Индекс 1 ...само се формира дупка при контакт со пламен
Индекс 2 ...и не се формира дупка при контакт со пламен
Индекс 3 ... и не се формира дупка при контакт со пламен. Пламенот останува ограничен (≤2s)

Заштитна облека за заштита од топлина

ikona ogin EN11612Овој стандард се употребува за заштитна облека која ја користат работниците изложени на топлина. Се однесува на облека од мек материјал со цел да се заштити човечкото тело освен рацете. Ги одредува карактеристиките на облеката и методите за испитување за материјали кои се користат за заштитна облека.

Испитувањата се дадени во следната табела:

ikona ogin EN531ИспитувањаКодКарактеристики
Ограничено ширење на пламен A A1 и/или A2
Конвективна топлина B B1 до B3
Топлотно зрачење C C1 до C4
Прскање на растопен алуминиум D D1 до D3
Прскање на растопен метал E E1 до E3
Контактна топлина F F1 до F3

Заштитна техничка облека

zoprema-1

EN340 Општи барања
Ова е референтен стандард, неможе да се користи сам туку заедно со останатите стандарди кои содржат барања во кои се дефинирани заштитни карактеристики. Овој стандард ги дефинира општите барања за каректиристики во врска со ергономијата, нештетност, системи на големини, трајност, стареење, компатибилност и означување на заштитата како и информации кои произведувачот треба да ги достави со заштитната облека.

Облека за висока видливост

ikona odeloEN471
Овој стандард ги одредува карактеристиките кои треба да ги има заштитната облека која треба визуелно да го сигнализира присуството на лицето кое ја носи, за да биде воочлив во опасни ситуации, во сите услови на осветленост, днвно и ноќно и под осветлеување од светла на возила.

Постојат три класи на облека за висока видливост. Секоја класа мора да има минимална површина на видлив материјал кој е составен дел на облеката. Што е поголема класата облеката е по видлива.

 Класа 3Класа 2Класа1
Основен материјал (флуоресцентен) 0,80м2 0,50м2 0,14м2
Ретрорефлектирачки материјал (ленти) 0,20м2 0,13м2 0,10м2

Основен материјал: жолт, портокалов/црвен или црвен флуоресцентен материјал наменет за висока видливост.
Ретрорефлектирачки материјал: Класа со два степена. Највисокото ниво на рефлексија овозможува подобар контраст и видливост на облеката за висока видливост која е во темница осветлена со светла на возила.

ikona odelo EN471Ознака:
Х: Класа на облека (од 1 до 3)
Х: Ниво на карактеристиките на рефлектирачкиот материјал (1 до 2)

 

Заштитна облека за вработени кои работат со рачна верижна пила

EN381
Овој стандард ги определува барањата за заштита од сечење од рачни верижни пили. Поделена е во повеќе делови:
EN381-5: одредува барања за заштита на нозете
EN381-7: одредува барања за заштитни ракавици
EN381-9: одредува барања за штитници за чевли
EN381-11: одредува барања за заштитна на горен дел на телото
Испитувањата на сечење се симулираат со 4 брзини на верижна пила:

БрзинаКласа
16m/s Класа 0
20 m/s Класа 1
24 m/s Класа 2
28 m/s Класа 3

Подрачјето за заштита на нозе е означено со букви А, В или С, кои одговараат на површината на материјалот кој штити од сечење (Тип А, Тип В или Тип С).

Означување:

ikona secenje EN381-11 ikona secenje EN381-5

Облека за заштита од радиоактивна контаминација

ikona radioEN1073-2
Овој стандард ги специфицира барањата и методите за тестирање наменети за непропусна заштитна облека против радиоактивна контаминација во облик на честички.
Облеката од овој тип наменета е исклучиво за заштита на телото, рацете и нозете, но може да се користи со додатоци кои ги штитат другите делови на телото (на пример: чизми, ракавици, респираторни маски). Облеката е класифицирана според факторот на номинална заштита (сооднос помеѓу концентрација на штетни честички во атмосферата и концентрација во внатрешноста на облеката) утврдени во однос на вкупната внатрешна пропусливост (однос меѓу концентрација на тест честички во внатрешноста на облеката и внатрешноста на просторијата во која се тестира облеката).

Постојат следните класи:

КласаНоминален фактор на заштита
3 500
2 50
1 5

Заштитна облека за дисипација на статички електрицитет (антистатик облека)

ikona antistatik EN1149-5
Овој стандард ги специфицира барањата за материјали и дизајн за заштитна антистатик облека  која во комбинација со заштитно заземјѕвање се користи да спречи појава на електростатичка искра која може да запали лесно запалива материја.

Предупредување: овие барања можат да бидат недоволни во услови на  запаливи средини збогатени со кислород. Облеката по овој стандард не се користи за заштита од мрежен напон.

Антистатикот на облеката може да се обезбеди преку ограничување на наелетризирање, или со додавање на јаглерод или метални жици во материјалот. Лицата кои носат антистатик облека мора секогаш да бидат „заземјени“ со отпор помал од 108Ω, на пример со носење на чевли со антистаик според стандардот EN 20345 или други соодветни средства.

Заштитна облека од атмосферски влијанија

Заштитна облека од студ

ikona stud

EN342
Овој стандард ги одредува барањата и методите за испитување на карактеристиките на облеката за заштита од студ при температури пониски од -5оС (работници во ладилници/екстремен студ). Се разликуваат два вида на облека:

  • Облека: која покрива еден дел од телото на пример јакна, џемпер, капут.
  • Цело одело: кое покрива цело тело (труп, нозе) како на пример комбинезон, јакна и работни панталони со трегери.

Заштитна облека од студ во нормални атмосферски влијанија

zoprema-2

ikona stud

EN14058
Овој стандард ги одредува барањата и методите на испитување на карактеристиките на облека (елек, јакна, палто, панталони) за заштита од умерен студ. Оваа облека се користи при умерен студ и температури од -5оС и повисоки за заштита од локален површински студ не само на работи кои се вршат на отворено како градежништво туку и во работи во затворени простории како прехрамбена индустрија и сл.
Оваа облека не е секогаш направена од материјали кои не пропуштаат воздух или се водонепропусни. Во овој стандард овие барања се опционални.

Заштитна облека за заштита од дожд

ikona dozd

EN343
Овој стандард ги специфицира барањата и методите за тестирање кои се применуваат на материјали и рабови на заштитна облека од лоши временски услови (на пример дожд или снег), магла и влажност на површина.

Испитувања
  Код EN343 EN342 EN14058
Класа на термичка отпорност Rct - - X
Класа на отпорност на вода и пареа Ret X - -
Класа на пропусливост на воздух AP - X X
(опција)
Отпорност на продирање на вода WP X X
(опција)
X
(опција)
Резултантна ефективна термичка изолација /cler - X X
(опција)
Ефективна термичка изолација /cle - X
(опција)
X
(опција)
Услови за термичка рамнотежа на различни активности и време на изложеност при амбиентална температура
Стандард Активност
Изолација
m2.K/W
Многу лесни активности стационарна положба
75 W/m2
Помало лесно движење
115 W/m2
Помало средно движење
170 W/m2
/cle -  /cler 8 часа 1 час 8 часа 1 час 8 часа 1 час
EN14058 0,170 19оС 11оС 11оС 2оС 0оС -9оС
EN14058 0,230 15оС 5оС 5оС -5оС -8оС -19оС
EN342 0,310 11оС -2оС -1оС -15оС -19оС -32оС
EN342 0,390 7оС -10оС -8оС -25оС -28оС -45оС
EN342 0,470 3оС -17оС -15оС -35оС -38оС -58оС
EN342 0,540 -3оС -25оС -22оС -44оС -49оС -70оС
EN342 0,620 -7оС -32оС -29оС -54оС -60оС -83оС

Заштита за колена

EN14404:
Овој стандард дефинира барања и методи за тестирање на опрема за заштита на колена која се користи од вработени кои клечат при извршување на нивните работните задачи. Овој стандард не се однесува на опрема за заштита на колена која е медицинско помагало и се наменети за спорт.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.