Маски за краткотрајно користење

Како да се заштитите?

maska-1Потребно е да се избере соодветна лична заштитна опрема за заштита на органите за дишење преку:

  • Идентификација на видот на штетноста: прашина, испарувања;
  • Идентификација на токсичните суспстанции кои се присутни;
  • Мерење на присутната концентрација на токсичните супстанции;
  • Споредување со границите на изложеност (СВИ и ГВИ);
  • Избор на видот на филтерот (Р1, Р2 или Р3);

При овие постапки мора да се води сметка за условите на работното место (влажност, температура, ...).

Маски за дишење

Маските за дишење ги штитат органите за дишење од негативните влијанија на штетните прашини, аеросоли или пареи.

Како да се заштитите?

maska-2Да се избере соодветна ЛЗО за заштита на органите за дишење,  (полумаска или цела маска кои имаат еден или дав филтера) со:

  • Идентификација на видот на штетноста: прашина, чад, гасови, пареи .....;
  • Идентификација на токсичните супстанции;
  • Мерење на присутната концентрација на токсичните супстанции;
  • Споредување со границите на изложеност (СВИ и ГВИ);
  • Избор на видот на филтерот А, В, Е, К  и нивна класа 1, 2 или 3 (Р1, Р2 или Р3);

При овие постапки мора да се води сметка за условите на работното место (влажност, температура, ...);

Избор на филтри

Секој филтер е означен со код во боја.
Пример за филтер АВЕК + Р

lzo zlatna1 lzo siva1 lzo zolta1 lzo zelena1 lzo bela1

Табела за користење на филтрите
Филтер за гасови и пареи Боја на код Вид на заштита
Тип А  lzo zlatna За заштита од органски гасови и пареи чија точка на вриење е > 65oC
(разредувачи и јаглероводороди)
Тип АХ  lzo zlatna За заштита од органски гасови и пареи чија точка на вриење е ≤ 65oC
(ацетон, етер, метанол, ...)
Тип В  lzo siva За заштита од неоргански гасови и пареи освен јаглерод моноксид
Тип Е  lzo zolta За заштита од сулфурен диоксид и некои пареи и гасови на киселини
Тип К  lzo zelena За заштита од амоњак и некои амино деривати
Класа на апсорпција на филтрите за гасови и пареи
Класа 1 Филтер со слаб капацитет (концентрација на загадувач < 0.1% или 1000 ppm)
Класа 2 Филтер со среден капацитет (концентрација на загадувач < 0.5% или 5000 ppm)
Класа 3 Филтер со голем капацитет (концентрација на загадувач < 1% или 10000 ppm)
ppm Концентрација на хемикалија изразена во милионити дел
Филтри за прашина и аеросоли
Тип Боја на код Вид на заштита
Р1  lzo bela За заштита од нетоксични прашини и/или аеросоли
Р2  lzo bela За заштита од цврсти и/или течни аеросоли, нискотоксични и иритирачки
Р3  lzo bela За заштита од цврсти и/или течни аеросоли означени како токсични

Стандарди

Основни норми за ЛЗО за дишни патишта се:

EN136: Маски за целосна заштита на лицето
Стандардот содржи потребни испитувања во врска со опасности на температура, удари, пламен, термичко зрачење, развлекување, отпорност на препарати за чистење и дезинфекција. Освен тоа со визуелна контрола треба да се видат ознаките на производот и упатствата на произведувачите.

EN140: Полумаска
Стандардот содржи потребни испитувања на отпорност на удари, отпорност на препарати за чистење и дезинфекција, на температура, пламен и на респираторна отпорност.

EN14387: Филтри за заштита од гасови и комбинирани филтри
Стандардот содржи потребни лабораториски испитувања за да се обезбеди отпорност на удари, температура, влага, корозивна средина и на механичка и респираторна отпорност.

maska-3EN143: Филтри за заштита од честички
Стандардот содржи потребни лабораториски испитувања за отпорност на удари, температура, влага и на корозивна средина како и на механичка и респираторна отпорност.

EN149: Полумаски за краткотрајно користење
Стандардот содржи потребни лабораториски испитувања за отпорност на удари, на препарати за чистење и дезинфекција, температура пламен и респираторна отпорност.

EN405: Полумаски со вентил и филтер за заштита од гасови или комбиниран филтер
Стандардот содржи потребни лабораториски испитувања за отпорност на абење, удари, пламен и респираторна отпорност.


Класификација на филтри
Класа FFP1 FFP2 FFP3
% на минимална ефикасност 78% 92% 98%
Вкупно пропуштање кон внатре 22% 8% 2%
Фактор на номинална заштита 4.5 12.5 50
Одреден заштитен фактор 4 10 20

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.