Заштитните очила/визири ги штитат очите/лицето од прскање и удар на честички, течности или прашина, испарување на хемикалии и зрачење.

Како да се заштитите?

Треба да се изберат соодветни очила или визир преку:

  • Идентификација на опасноста (прскање, удар, зрачење......);
  • Одредување на видот на заштитата (очила, очила-маска, визир, очила за носење преку диоптриски очила);
  • Дефинирање на видот на заштитата (заштита од гребење, од испарување, затемнување);
  • Избор на стакло (моноблок, бинокуларно);
  • Избор на видот на оквирот (посебен дизајн, класичен ....).

Стандарди

EN166
Се применува за сите видови на индивидуални заштити на очите против опасности кои би можеле да ги оштетат очите освен нуклеарно зрачење, ренгенски зраци, ласерски зраци и инфрацрвено зрачење при ниски температури. Не се користи за заштитни очила за кои постојат посебни стандарди (антиласерски заштитни стакла, обични очила за сонце ....).

Значење на симболите

naocari-11: Оптичка класа која овозможува неограничено носење на очилата.
S: Засилена цврстина: челично топче со дијаметар 22mm со брзина 5,1m/s.
F: Удар со ниска енергија: челично топче со дијаметар 6mm со брзина 45m/s (максимална заштита за очила).
B: Удар со средна енергија: челично топче со дијаметар 6mm со брзина 120m/s (максимална заштита за заштитни очила).
A: Удар со висока енергија: челично топче со дијаметар 6mm со брзина 190m/s (максимална заштита за визири).
naocari-13: Отпорност на течности (капки или прскање).
4: Отпорност на поголеми честички на прашина (големина > 5 микрометри).
5: Отпорност на гасови и ситни честички на прашина (големина < 5 микрометри).
8: Отпорност на електричен лак при краток спој.
9: Отпорност на прскање на растопен метал и продирање на топли цврсти материи.
T: Честички со голема брзина и екстремни температури.
N: Отпорност на замаглување на леќите.
K: Отпорност на оштетување на површината од ситни честички.

vizir-1EN169
Спецификација на безбедносни барања за пропусливост на филтри за заварувачи и слични активности. Специфични безбедносни барање на филтри за заварување со двојна заштита.

EN170
Специфични безбедносни барања кои се однесуваат на пропусливост на филтри за заштита од ултравиолетово зрачење.

EN171
Специфични безбедносни барања кои се однесуваат на пропусливост на филтри за заштита од инфрацрвено зрачење.

vizir-2EN172
Специфични безбедносни барања кои се однесуваат на пропусливост на филтри за заштита од сончево зрачење кои се користат во индустријата.

EN175
Специфични безбедносни барања за опрема за заштита на очи и лице при заварување и слични техники.

EN1731
Спецификација на материјал, дизајн, карактеристики и методи за тестирање на ЛЗО за заштита на очи и лице од мрежест тип, за професионална употреба.

За нас

ДУ ПРОРИСК ДООЕЛ – Илинден е друштво чија дејност е исклучиво безбедноста при работа и дејности тесно поврзани со неа како што се заштитата од пожари и заштитата и спасувањето од природни несреќи.

 

Контакт

Тел. 00 389 2 2549 689
Моб. +389 71 352 450
 

ул. 852 бр. 62 (Комплекс Газела) 
Скопје, Р. Македонија
 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.