Заштитни ракавици
Избор на големина
Измерете ја дланката во сантиметри како што е прикажано на сликата и ќе ја добиете бројката на ракавицата која Ви одговара.
Европски стандарди
EN420: Општи барања
- Барање за неутралност ( pH, ниво на VI валентен хром и сл.).
- Барање во делот на големината согласно следната табела.
- Барање за тест за издржливост.
- Барања за означување, информации и идентификации.
Големини според стандардот EN420 | |||
---|---|---|---|
Големина на ракавицата | Големина на раката (mm) | Минимална должина на ракавицата | |
Обим на дланката | Должина | ||
6 | 152 | 160 | 220 |
7 | 178 | 171 | 230 |
8 | 203 | 182 | 240 |
9 | 229 | 192 | 250 |
10 | 254 | 204 | 260 |
11 | 279 | 215 | 270 |
Норма за означување/идентификација
Барањата за означување се дефинирани во Директивата 89/686/СЕЕ и содржат:
- Лого на производител
- Производител
- Големина
- Лист или упатство за информации
- Стандардизиран пиктограм со индекси за појаснување
Ракавици за заштита од механички опасности
EN388:
Стандардот EN388 се користи за сите видови на заштитни ракавици кои при физички и механички опасности штитат од триење, сечење, пробивање и кинење
Испитување | Ниво 1 | Ниво 2 | Ниво 3 | Ниво 4 | Ниво 5 |
---|---|---|---|---|---|
Отпорност на триење (број на циклуси) | 100 | 500 | 2000 | 8000 | / |
Отпорност на сечење (индекс) | 1.2 | 2.5 | 5.0 | 10.0 | 20.0 |
Отпорност на кинење (N) | 10 | 25 | 50 | 75 | / |
Отпорност на пробивање (N) | 20 | 60 | 100 | 150 | / |
Ракавици за заштита од студ
EN511:
Стандардот EN511 ги дефинира барањата и методите на испитување на ракавиците за заштита од студ до - 30оС. Наведениот студ може да биде од климатски услови или индустриски активности.
Ракавици за заштита од топлина и оган
EN407:
Стандардот EN407 ги дефинира методите на испитување, општите барања, термичките карактеристики и означувањето на ракавиците за заштита од топлина и оган.
Се применува на сите ракавици кои треба да ги штитат рацете од топлина и/или оган во еден од следните облици: пожар, допир со топлина, конвективна топлина, топлотно зрачење, мало прскање на растопен метал или големо прскање на растопен метал.
Ниво на отпорност | Контактна температура (оС) | Време на изложеност (сек.) |
---|---|---|
1 | 100 оС | ≥ 15 |
2 | 250 оС | ≥ 15 |
3 | 350 оС | ≥ 15 |
4 | 500 оС | ≥ 15 |
Заштитни ракавици за заварувачи
EN12477:
Стандардот EN12477 содржи барања и методи за испитување на ракавици кои се користат за рачно заварување на метали, сечење и други техники. Ракавиците за заварување се поделени во две групи: В кога се бара голема умешност и А за останати постапки на заварување.
Ракавици за заштита од опасни микроорганизми и хемиски супстанци
EN374-1:
Стандардот EN374-1, заштитни ракавици за заштита од хемиски производи и микроорганизми, ги определува барањата за карактеристиките на ракавиците за заштита на корисниците од хемиски производи и/или микроорганизми и ги дефинира условите за користење:
Пенетрација (тестирани по стандард EN374-2)
Дифузија, по немолекуларна скала, на хемиски производ и/или микроорганизми преку порозни материјали, споеви, микро дупки и други недостатоци на материјалот за заштитни ракавици.
Пермеација (навлегување) (тестирани по стандард EN374-3)
Процес со кој некој хемиски производ се шири преку материјалот на заштитната ракавица според молекуларната скала.
Ракавицата се смета за отпорна на хемиски производи ако поседува индекс на карактеристики на пермеација најмалку со ниво 2, за три тестирања со хемиски производи според следната листа на хемиски производи:
Ознака | Хемикалија |
---|---|
A | Метан |
B | Ацетон |
C | Ацетонитрил |
D | Дихлорометан |
E | Јаглерод дисулфид |
F | Толуен |
G | Диетиламин |
H | Тетрахидрофуран |
I | Етил ацетат |
J | n-хептан |
K | 40%-каустична сода (NaOH или натриум хидроксид |
L | 96%сулфурна киселина |
Измерено време на продирање (мин) | Ознака за заштита од продирање |
---|---|
> 10 | 1 |
> 30 | 2 |
> 60 | 3 |
> 120 | 4 |
> 240 | 5 |
> 480 | 6 |


Примери за користење:
Причината поради која се користи ракавицата е најважна за избор на ракавица, бидејки во зависност од потребата, ракавицата смее да се користи само за вода и воздух, да биде отпорна на микрорганизми, отпорни на прскање на ниско концентрирани хемиски производи, отпорна на ниски концентрации на хемиски производи или против хемиски производи. Затоа многу е важно да се провери препорачаното подрачје на примена на ракавицата.
Примена на ракавици | Примери на користење | Ознаки | Категорија според 89/686ЕЕС | ||
---|---|---|---|---|---|
Водоотпорни ракавици за многу често и продолжено користење (ракавици за миење садови) | Нема | CAT I За минимални ризици |
|||
EN374-1 ОСНОВНИ БАРАЊА | МЕТОДИ НА ТЕСТИРАЊЕ | EN374-1 EN374-2 |
Ракавици против микроорганизми (бактерии, габи) отпорни на вода и воздух | ![]() |
CAT II За средни ризици |
EN374-1 EN374-2 EN374-3 |
Ракавици за заштита од хемиски производи (повремен контакт) отпорни на вода и воздух | ![]() |
CAT III За ризици со неповратни последици |
||
EN374-1 EN374-2 EN374-3 |
Ракавици за заштита од хемиски производи (директен и продолжен контакт) отпорни на вода и воздух | ![]() |
CAT III За ризици со неповратни последици |
Антистатик ракавици
EN1159-2
Стандардот EN1159-2 ги дефинира основните барања за антистатичките својства на ракавиците за да се избегне создавање на искрење како резултат на некој предмет и статичкиот електроцитет на телото. Означувањето е на следниов начин: